Екипите на ЈП „Комунална хигиена"-Скопје

Акција за чистење во Визбегово

Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена"-Скопје започнаа акција за генерално чистење на Јадранската магистрала во скопската населба Визбегово. Акцијата се одвива на потегот од Словенечка кон Момин поток, а во нејзината реализација се ангажирани 35 работници на ЈП „Комунална хигиена"-Скопје, додека од механизацијата се употребуваат специјални комунални возила – патарки, метларки и кипери.

Од Јавното претпријатие велат дека поради поволните временски услови, се спроведува и машинско миење на Јадранската магистрала со автоцистерна.

Акцијата ќе продолжи во текот на целиот викенд, а во неа земаа учество и екипи на ЈП „Паркови и зеленило" и ЈП „Улици и патишта".

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе