МАКЕДОНСКА МЕДИУМСКА АСОЦИЈАЦИЈА

Агенцијата за медиуми да ги почитува законите кои важат за кабелските оператори

Првите луѓе на Македонската медиумска асоцијација (ММА) денеска ги демантира шпекулациите дека по барање на националните телевизии некои странски канали биле тргнати од понудата на кабелските оператори.

Претседателот и заменикот на ММА, Иван Мирчевски и Атанас Кировски денеска изјавија дека тоа било одлука на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги откако виделе дека не се почитуваат законските регулативи вo Република Македонија.
„Има тенденциозност дека тие канали се најпопуларни. Само за илустрација, од гледаноста кај кабелските оператори, 65% од населението ги гледа петтте национални телевизии, а 35% ги гледаат странските канали. Од сите 130 странски канали, ако се симнат неколку, тогаш станува збор за промили, а не за проценти во гледаност. Нашите пет телевизии доследни и стриктно го почитуваат законот. Ние се залагаме пазарот да биде регулиран и сите да работат согласно законот и да имаат еднаков третман и можности“, рече Кировски.
Минатата недела кабелските оператори престанаа да ги прикажуваат каналите Нешнл џеографик, Минимакс, Фокс Лајф, Ем-Ти-Ви, ОБН, Хепи ТВ...
Она што е исто така интересно е дека каналите на меѓународната телевизиска мрежа „Фокс“ веќе две години во Македонија се емитувале со дозвола на бугарскиот Совет за електронски медиуми. Бугарското регулаторно тело издало дозвола за телевизиско емитување на каналите на „Фокс“ и во уште осум други земји од регионот (Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија), при што во процедурата целосно биле прескокнати надлежните органи во земјава. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги веќе им наложи на сите кабелски и на останатите оператори кои реемитуваат програмски пакети, да ги тргнат од програма Фокс каналите. 
 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе