Протест

Аеродромци бараат метадонската терапија да се дава подалеку од градинката и училиштето

Пред поликлиниката „Јане Сандански" во oпштина Аеродром денеска се одржа мирен протест во знак на револт од одлуката на Министерството за здравство метадонска терапија на зависници да се дава во општината каде живеат.

Учесниците на протестот истакнаа дека одлуката на ресорното Министерство е неприфатлива затоа што во близина на поликлиниката има градинки и училишта. Побараа да се отворат посебни места за таа намена и сугерираат тоа да бидат локации што не се многу населени.

Протестот беше организиран од граѓанската иницијатива „Гласот на Аеродром“.

Министерството за здравство завчера соопшти дека се во тек подготовки за дисперзија на дел од пациентите вклучени во Програмата за третман и превенција од зависности во Центарот во Кисела Вода и оти тие ќе бидат распределени согласно со општината во која живеат и според локациите на кои ќе бидат пунктовите. Дисперзија ќе следи во општинските пунктови што се наоѓаат во поликлиниките „Јане Сандански“, во населба Ченто и Бардовци и во Градската општа болница „8 Септември“ во Карпош.

Според Министерството, се решава децениски проблем со Центарот за зависности во Кисела Вода.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе