Аеродром ќе добие нов стадион за 12.000 гледачи, најави Муцунски

Општина Аеродром ќе добие нов модерен репрезентативен стадион.

Управниот одбор на ФФМ на денешната седница донесе одлука за изградба на нов репрезентативен стадион на територијата на нашата општина.

Партнер на Фудбалска Репрезентација на Македонија за реализацијата на овој голем проект е Општина Аеродром. Стадионот ќе биде со минимален капацитет од 12.000 гледачи по сите критериуми на УЕФА и ФИФА за одигрување на клупски и репрезентативни натпревари од највисок ранг.

Во рамките на овој комплекс Општина Аеродром заедно со Градот Скопје ќе изгради и Мега Парк кој ќе претставува нов спортски и рекреативен центар на нашиот главен град.

„Спортот го обединува народот, а македонската фудбалска репрезентација во последните години на дело го прави токму тоа. Токму од Општина Аеродром ги очекуваме новите успеси и победи на македонската фудбалска репрезентација. Напред Македонија, стои во соопштението.

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе