По отворањето на случајот со „копањето“ биткоини

AД ГТЦ без лиценци препродава струја, топлинска енергија и вода, никој не реагира (ВИДЕО)

Случајот со наводната кражба на струја во магацинскиот простор на Градскиот трговски центар во Скопје отвори многу прашања за начинот на работа на АД ГТЦ кое стопанисува со дуќанџите. Сопствениците на дуќаните во ГТЦ со години се обидуваат да ги средат работите, ама и покрај документите за неправилното работење на акционерското друштво, молкот од надлежните институции и натаму трае.

 

Здружение на граѓани сопственици на деловен простор во ГТЦ 1973 Скопје со години се обидува да и укаже на власта на бројните недоследности во тоа како функционира АД ГТЦ во кое тие се сопственици 61%, а 39% е државата.

Во таа своја епопеја тие пред две години дојдоа до официјални одговори од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. АД ГТЦ нема право да снабдува и да тргува со електрична енергија, со топлинска енергија и со вода.

Таков одговор дуќанџиите добија и од Регулаторната комисија за домување кои велат дека „АД ГТЦ не поседува лиценца за управување и вршење на дејностите на управување со стандбени згради“.

 А токму тоа АД ГТЦ го прави со рефактурирањето на дуканџиите за потрошена струја, вода и топлинска енергија и за одржување на трговскиот центар. И тоа е така со години. Годинава во јануари со сите овие потврди претставници на Здружението го информирале потпретседателот на Владата Фатмир Битиќи и на тоа и остана.

Фактура на ГТЦ за струја, парно, вода...

Се до 16 ноември кога почна и заврши полициската акција со која се отворија многу сомневања за кражба на струја за бројните ригови и мајнери за „копање“ биткоини од екипата на Габриел и Елвис Бајрам, синовите на починатиот пратеник Амди Бајрам. И двајцата како советници од коалицијата со СДСМ во Град Скопје и Општина Шуто Оризари, лесно успеаја, без никакви последици да ја извадат компјутерската опрема од магацинскиот простор во ГТЦ каде е инсталирана и моќна вентилација за ладење на загреаните компјутери. Главниот трошок во бизнисот со „копањето“ биткоини е трошокот за струја. Во случајов постојат сериозни сомневања за „солидарно“ споделување на тој трошок, со знаење на раководството на АД ГТЦ, со дуќанџиите, се разбира без нивно знаење.

Од ЕВН за МКД.мк за овој случај велат дека тие не се инспекциско тело и дека ГТЦ на отворен пазар се снабдувал со струја, па го раскинале договорот со тој снабдувач и сега од нив се снабдуваат со електрична енергија. „Ниту еден трговски центар нека посебни приклучоци за дуќани во рамки на објектот. Исклучок во ГТЦ се дел од рестораните на кејот на Вардар  кои имаат посебен приклучок надвор од ГТЦ, а останатите имаат договор со ГТЦ за условите под кои ги закупуваат дуќаните. Одговорот треба да го барате таму. А дали е тоа согласно регулативите, ќе побарате одговор од РКЕ. Тоа не е во наша надлежност“, велат од ЕВН.

Регулаторната комисија си го кажа своето во однос на непоседувањето лиценци на АД ГТЦ за тргување со струја, топлинска енергија и вода. Ги очекуваме одговорите од АД ГТЦ, а и на надлежните за сите сомневања кои ги отвори овоиј случај.

А.Д.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе