Случај „Рекет“

77-годишниот Богдан Дамјановски е новиот сопственик на 1ТВ

Додека течат истрагите на УЈП и процесите на истражните органи во процесот случајот Рекет, телевизијата осамна со нов сопственик. Не доаѓа од бизнисот или од шоу бизнисот, всушност, за него не се знае речиси ништо.

Богдан Дамјановски (77) од Кисела Вода во Управата за јавни приходи се легитимирал како нов сопственик на 1ТВ, јави ИРЛ.мк.

Според овој портал, телевизијата сега има нов сопственик, кој направил договор за преземање на долговите на фирмата, а за возврат, тој бесплатно ги добива уделите.

Во Централниот регистар се уште не е направена официјална промена за сопствеништвото на фирмата која е соптвеник на телевизијата.

Долговите на телевизијата се околу 30 милиони денари, односно повеќе од 400 илјади евра, според информациите на Управата за јавни приходи.

Бојан Јовановски, кој е првоосомничен за случајот „Рекет“ ќе добие и кривична пријава од УЈП за затајување на данок, информираше УЈП на вчерашниот брифинг за новинари.

Даночните инспектори ќе поднесат кривична пријава и за Јасна Мандиќ,  Миле Јовановски,  БМЈ Медија груп, фирма која е сопственик на телевизијата 1 ТВ, како и Томато продукција во чии простории работеше телевизијата.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе