30 тони отпад собрани во септември во општина Центар

Во септември од 10 диви депонии, Општина Центар собрала 30 тони отпад.

Како што информираат од општината, заложбите за почиста и поздрава животна средина се реализираат со акциите на службата за одржување на хигиената во центарот на градот, кои продолжуваат и во наредниот период. Се расчистуваат дивите депонии и се собира кабастиот отпад во сите делови на општина Центар.

Од Општина Центар апелираат ѓубрето и отпадоците да се остава во назначените места за таа намена, затоа што чистата околина и здравата животна средина се придобивки за сите нас.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе