МАСОВНО ТРУЕЊЕ ОД ХРАНА

25 лица се јавиле на Инфективна клиника откако јаделе сендвичи во „Седмица“ во Карпош

Засега вкупно 25 лица се јавиле на Инфективна клиника со болки во стомакот и висока температура откако пробале од сендвичите во „Седмица“ во Лептокарија во Скопје.

Сендвичарницата веќе втор ден е затворена. Санитарната инспекцијата наредила и темелно чистење на просторот, опремата и работните површини, дезинфекција, дезинсекција, дератизација и дополнителни здравствени прегледи на сите вработени.

Земени се мостри од храната, брисеви од работната површина каде се подготвувале седндвичите, бактереолошки примерок од рацете на вработената која ги подготвувала плескавиците, брисеви од грло и нос на тројца други вработени... Резултатите од микробиолошките анализи ќе бидат готови во понеделник, кога ќе се знаат вистинските причини за труењето со храна.

Дежурните инфектолози велат дека според симптомите на пациентите, не се работи опасна бактерија која може да се прошири како епидемија.

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе