25 експерти во новиот Зелен совет на Град Скопје

Во рамки на Град Скопје, денеска се формираше Градски еко совет – Зелен совет на Град Скопје.

„Дваесет и пет експерти и претставници на граѓанскиот сектор од областа на урбаното планирање, урбанизмот, архитектурата, сообраќајот, енергетиката и заштитата на животната средина, се дел од новоформираниот Градски еко совет – Зелен совет на Град Скопје. Овој Совет има цел да креира политики од областа на екологијата, сообраќајот, урбаното планирање, да предлага стратегии и да дава совети за иднината на развојот на Скопје“, информираат од Град Скопје.

Според градоначалничката Данела Арсовска, Советот има за цел да помогне на скопјани со заеднички и насочени активности да се создадат подобри услови за живот во градот.

„Време е да се поставават основите за креирање системски решенија за проблемите на Скопје поврзани со екологијата. Преку овој Совет ќе се бориме и против урбанистичкиот хаос во градот, ќе се креираат конкретни политики и препораки кои со акциски план и конкретни временски рамки ќе се овозможи следење и контрола на исполнувањето на плановите во пракса“, вели Арсовска во пишана изјава.

Како што се наведува во соопштението, градскиот еко совет ќе има цел да ја подобри заштитата на животната средина во градот, да креира политики за спроведување активности за поставување системски решенија за намалување на загаденоста, како и поставување нови стандарди за заштитата на животната средина.

Од Град Скопје додаваат дека на Советот ќе се креираат идеи, предлози и политики за прашања и работи кои потекнуваат од самите членови на телото, другите организации и институции, како и од самите граѓани. 

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе