16 ученици добија награди на литературниот конкурс „Моето детство во пандемија“ на Општина Центар

Општина Центар награди 16 ученици од основните училишта на територијата на оваа општина кои учествуваа на литературниот конкурс на тема „Моето детство во пандемија“, распишан по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик – 21 февруари.

Учениците добија благодарници за нивната успешна работа и подарок книги од Просветно дело, како поддржувач на општинскиот литературен конкурс.

Како што велат од Општината, идејата за литературниот конкурс била инспирирана од глобалната здравствена криза со коронавирусот и нејзиното влијание врз психолошката состојба кај учениците и нивните промени во однесувањето. 

На конкурсот учествувале ученици од сите осум општински училишта во Центар, односно, ученици од одделенска настава од трето до петто одделение и ученици кои посетуваат предметна настава.

„Сметавме дека овој литературен конкурс ќе ги поттикне учениците да творат и на креативен начин да ги искажат негативните емоции предизвикани во време на пандемија. Би сакал да им честитам на првонаградените ученици и нивните ментори за успешната работа“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

Со почетокот на второто полугодие од учебната година, Општина Центар во соработка со педагошко – психолошките служби во основните училишта во Центар, започна да спроведува тематски часови и консултативни средби со учениците и родителите. Целта е стручните служби да разговараат за актуелни и чувствителни теми, како и насоки за позитивно однесување за полесно справување со последиците од коронавирусот.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе