По трагичната сообраќајна несреќа

15-та жртва во сообраќајката кај Ласкарци, во критична состојба се уште 5 лица

На Клиниката за реанимација и интензивно лекување во Клиничкиот центар во Скопје почина уште едно лице од повредените во трагичната сообраќајна несреќа што се случи на 13 февруари на автопатот Скопје - Тетово кај селото Ласкарци.

Станува збор за маж на возраст од 39 години кој имал тешки повреди на градниот кош, соопшти Министерството за здравство. 

Во критична состојба се наоѓаат уште пет пациенти.

Уште триесетина повредени и понатаму се лекуваат во болничките центри во земјата, а некои од нив се пуштени на домашно лекување.

 

 

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе