Независниот полициски синдикат излезе на мирен протест

Скопје блокирано од 100 автомобили, се бараат поголеми плати и враќање на достоинството на полицајците (ФОТО)

Со апел да се врати достоинството на полицијата, да не се омаловажуваат полициските службеници и да не се нарушува честа и угледот на овие лица, Независниот полициски синдикат денес излезе на мирен протест. Во знак на револт поради ниските плати 100 возила денес блокираат дел од улиците во Скопје. Дел од протестот се вработени во полицијата, шумска полиција, судска и затворска полиција, кои се членови на Независниот синдикат на полицијата.

Прва станица на припадниците на Независниот полициски синдикат е крстосницата кај МТВ која беше блокирана 15 минути. Од тука автомобилите ќе се движат кон ССМ каде ќе треба да се врачи писмо.

Едно од главните барања на Независниот синдикат е донесување на колективни договори и покачување на плата за 25 отсто на секој вработен во полицијата.

Следна локација е крстосницата кај зградата на Европската Унија и на крајот демонстрантите ќе ги вклучат сирените од автомобилите пред зградата на МВР. 

Пред неколку дена Орце Коцевски, генерален секретар на Независниот синдикат на полицијата (НСП) упати повик до полицајците да учествуваат на протестот закажан за денес.

Коцевски потсетува на ветувањето дадено од Владата дека ќе добијат подобри услови за работа и повисоки плати, но како што вели, како синдикалци се соочувааат со невидени притисоци при барањето на синдикалните права.

„Не се бираат средства на кој начин ќе бидеме нападнати се со една цел да бидеме скршени, а вие да можете орото да го водите како вам ви одговара, а не како законот налага. Законски оствареното право го злоупотребивте, законски загарантираната репрезентативност не сакате да ја признаете иако, согласно законот, ваша должност е да не вклучите во сите работни групи и да ни ги израмните правата како и на оние другите кои до вчера ви беа непријатели или како милуваа да кажат некои од вас алатка на минатата власт за остварување на сите неправди кои за жал денес ви се најискрени пријатели", изјави тогаш Коцевски.

Тој додаде дека и по три години владеење на оваа власт не е зголемена платата на дел од полицајците иако е најавено зголемување од 5 отсто во септември.

„Да му појаснам на македонскиот граѓанин. Обичен полициски службеник позорникар има плата во износ од 22.000 со еден куп додатоци од кои најклучниот 30% додаток на плата за овластувањата кои ги има или 22.000 – 30%= 15.400 денари. Е сега ако од таа плата го извадите додатокот за храна и превоз кој изнесува околу 3.000 денари кој за жал законски не се исплатува во точниот износ туку паушално тоа така негде сте пресметале та вие та претходната власт исто доаѓаме до плата од 12.400 денари или кратко и јасно минимална плата на ниво на државата ", рече Коцевски.

Тој изрази разочарување од потценувачкиот однос на политичарите кон полицајците и ги повика да се стават на место на полицајците и да излезат еден месец со нив на терен, за да видат што значи и колкава е тежината на оваа професија. 

К.Д.

 

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе