вторник, 19 март 2024

Скопје цело зелено, ветерот го спушти на 68. место на Ервижуал

Кога човекот не се грижи доволно, работите во свои раце ги презема природата. Па така, природата дувна ветре, ги тргна високо облаците и интернет страниците во светот кои го следат квалитетот на воздухот Скопје го обележаа со зелена боја.

Објавено на

часот

Сподели

Специјализираната интернет страница Ервижуал, која од минута во мунита прави листа од 100 големи или главни градови и ги подредува според индексот на загаденоста, нешто пред 14 часот Скопје го пласира на убаво 68-место во светот.

Инаку, токму на оваа страница зимава, а особено кога имаше магла, Скопје често беше меѓу десетте градови во светот со најзагаден воздух, во друштво на индустриски мегалополиси од Азија, понекогаш во друштво на Сараево кое како и Скопје е во котлина и во зима знае да има слични климатски услови.

Дува ветер во Скопје и го чисти воздухот, ПМ честичките ги носи на друго место. А и тегли од некои тераси ги искрши, така некои читатели се пожалија. Но, тоа е друга приказна.

Додека дува добро е, барем за дишните патишта.

                                                                                                      П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ