Јавно обвинителство

Скопјанец во 30-дневен притвор за 147 грама марихуана

На барање на обвинителството судијата му изрече притвор во траење од 30 дена на скопјанец кај кого при претрес биле пронајдени 147,6 грама дрога - марихуана.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Јавното обвинителство соопшти дека На 2 декември, при личен преглед на осомничениот, овластени полициски службеници кај него пронашле 147,6 грама наркотична дрога – марихуана. Дрогата му била одземена, а осомничениот бил приведен.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, проценувајќи дека осомниченото лице би можело да се даде во бегство или да го повтори делото.

Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе