Инцидент на „Партизански одреди“

Скопјанец удрил полицајка и побегнал

54-годишен скопјанец вчера со својот со „мерцедес“ удрил полициска службеничка на „Партизански одреди“.

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(54) од Скопје поради тоа што околу 12.00 часот со своето возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, на булевар „Партизански одреди“ не застанал на знак за запирање од полициска службеничка и со возилото ја удрил. После тоа, И.К. го напуштил местото, но набргу потоа бил пронајден.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе