По изречената одлука на судот

СЈО задоволно од пресудата за „Труст“, Бубевски ја поздравија одлуката за конфискација на имот

Јавниот обвинител Гаврил Бубевски рече дека е задоволен од пресудата во случајот „Труст“ со која на обвинетите Сеад Кочан и Василие Авировиќ им се изрекуваат затворски казни од шест години за првиот и три години затвор за второобвинетиот. Бубевски ја поздрави и одлуката на судот да го конфискува имотот. 

„По однос на ослободителниот дел, судот има своја правна аргументација по однос. Овде се работи за правно прашање. Кога ќе ги видиме аргументите ќе одлучиме по однос на тој дел. Задоволни сме од осудителните пресудите. По однос на второобвинетиот кој доби помала казна од Сед Кочан, состојбата е поспецифична и тука е земена предвид неговата здравствена состојба. Мерката притвор за обвинетиот Кочан не е задолжителна, дури и кога ќе се изрече ваква казна. Во однос на него имаме дадена гаранција и не е можно да се употреби построга мерка. На тој начин тој се бранеше од слобода. А по однос на конфискација на имотот, можам да му честитам на судот. Ова е права ваква мерка и ќе го запре можеби натамошниот тек на извршување на ваков вид на кривични дела. Бруто –принципот значи дека целата сума на износот е конфискувана, а ние имаме обезбедено речиси 90 проценти од таа сума", изјави обвинителот на СЈО, Бубевски.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе