ЈАВНАТА СЕДНИЦА БЕЗ НАЧАЛНИКОТ НА ПЕТТАТА УПРАВА

СЈО тврди дека Грујовски сакал да ги контролира нивните активности

Горан Грујовски, поранешниот началник на петтата управа во МВР, обвинет во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ за злоупотреба на службена положба, злосторничко здружување и фалсификување службена исправа, не се појави во Апелацискиот суд во Скопје. На јавната седница дојдоа неговите адвокати.

Специјалната обвинителка Ленче Ристоска на јавната седница во Апелацискиот суд во Скопје за жалбата поднесена за случаите “Таргет” и “Тврдина” во кои обвинет е и поранешниот шеф на петтата управа Грујовски, рече дека кај обвинетиот бил најден нотес за активностите на СЈО и тој сакал да ги контролира активностите на СЈО.

“При извршениот претрес, кај поранешниот шеф на петтата управа во МВР,Горан Грујовски пронајден е нотес со евиденција, кој сведок во колку часот влегува во СЈО и од кој обвинител е испрашуван”, рече обвинителката Ристоска во Апелацискиот суд.

Според Ристоска, одземен бил компјутерот на Грујовски каде имало креирана папка со наслов „СЈО“ каде стоеле упатства како да се однесуваат лицата кои биле повикани да дадат исказ во Специјалното јавно обвинителство.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе