Судење за насилството во општина Центар

СЈО побара притвор за обвинет и му порача дека во судница нема да копа туку ќе мирува

Поради отсуство на обвинет во случајот со насилството во општина Центар, Основниот суд Скопје 1 го одложи судењето за 3 април. За обвинетиот Милан Андонов кој по трет пат отсуствува од рочиштето, обвинителите на СЈО, Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи побараа притвор со образложение дека обвинетиот и во притвор ќе може да ја прими терапијата за ларингит и дека тоа е единствениот начин за да се обезбеди неговото присуство.

Обвинителот Бубевски рече дека за обвинетиот и во судница ќе се почитува препораката од лекарот и дека тој за време на судското рочиште нема да копа.

Адвокатот на Андоновски, Димитар Дангов, рече дека утрово обвинетиот му се јавил на телефон и му рекол дека отворил боледување. Боледувањето е со датум од 9 март и трае 14 дена, а било потпишано од матичен лекар по претходен преглед кај специјалист за уво, нос и грло.

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, рече дека овој обвинет трипати досега отсуствува од судењата. Еднаш не се појавил, иако бил уредно повикан. Вторпат бил болен, а сега повторно отворил боледување.

„Барам притвор за Андоновски. Тоа е единствениот механизам за обезбезбедување присуство. Обвинетиот одбегнува да дојде на судење со цел да ја одолговлекува постапката", рече Фетаи.

„Првиот пат бил отсутен на 10.03.2017 година кога бил уредно повикан, а не се јавил во судот за да го оправда отсуството. На 28.09.2017 година отсуствуваше со образложение дека му било нарушено здравјето. Денеска по третпат се доставува документација со која се обидува да го оправда отсуството", изјави Фетаи пред судијата Душан Јосифов.

Обвинителката Фетаи откако го разгледа извештајот од специјалист истакна дека обвинетиот имал ларангитис и дека докторот препорачува 14 дена да нема физички напор.

„Доколку денеска дојдеше обвинетиот сигурно немаше да има физички напор. Неговото отсуство е со цел да ја одоговлече постапката. Ова е трет пат како истиот обвинет не се појавува. Очигледно е дека избегнува да дојде, затоа предлагам да му се изрече притвор", рече Фетаи.

Обвинителот Гаврило Бубевски истакна дека обвинетиот во судница немало да копа, па затоа требало да дојде.

„Барам да му се одреди притвор, па таму ќе ја добие соодветната терапија амосиклав, кој половина од присутните сигурно го примаат", рече Бубевски кој додаде дека можеле барем на дијагнозата ларангит да му додадат и температура за да звучел поубедливо.

Судијата го одби барањето на СЈО оти според судот, обвинетиот имал уреден лекарски извештај и му било препорачано мирување.

Во постапката за насилството во општина Центар им се суди на поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.

Судењето за „Насислство во Центар" почна одново, бидејќи со новиот распоред, предметот му е доделен на судијата Душан Јосифов, кој го наследи од судијката Татјана Михајлова.

На претходните рочишта за овој предмет, вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

Обвинетите во предметот „Насилство во Центар" се обвинети за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

К.Д.

 

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе