Коалиција Сите за правично судење

СЈО на Јанева располага со 10 пати повеќе пари од Обвинителството на Русковска

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција располага со 10 пати помалку пари за разлика од Специјалното јавно обвинителство. Според студијата што ја објавија Коалицијата Сите за правично судење, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција располага со буџет која се движи во просек од околу 20 милиони денари, со тоа што е најнизок во 2017 година и изнесува 16.229.956,00 денари.

СЈО е една од институциите што располагаат со најголем буџет.

Доколку се погледнат годишните буџети на СЈО, ќе забележиме дека тие се движат помеѓу 220 и 250 милиони денари, но сепак не се искористени во целост.

Според Законот за јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, средствата за работа на ова обвинителство се распределуваат од Буџетот на државава, преку буџетски корисник Јавно обвинителство.

„Доколку се погледне буџетот на Јавното обвинителство на РСМ за 2018 година, ќе забележиме дека од вкупниот буџет што изнесува 661.429.000,00 денари, повеќе од една третина е распределена за СЈО (228.633.000,00 денари), износ што е речиси идентичен на вкупниот буџет на останатите 20 основни јавни обвинителства и ЈОГОКК (228.893.000,00 денари). Во таа насока и Катица Јанева за време на интервјуто потенцираше дека буџетот е сосем доволен за оптималното функционирање на ова обвинителство, па така СЈО успева дури и да формира штеден фонд, кој би требало да се инвестира во надградување на истражниот центар во состав на ова обвинителство", утврдило истражувањето на Сите за правично судење.

Од друга страна, пак, Обвинителството за гонење на организиран криминал располага со десетпати помал буџет од оној на СЈО, па така тој се движи во просек од околу 20 милиони денари, со тоа што е најнизок во 2017 година и изнесува 16.229.956,00 денари.

Со оглед на тоа што ова обвинителство има 4 пати помалку вработени лица, се поставува прашањето дали ваквиот десеткратно помал буџет е соодветен за ефикасно и ефективно постапување и екипирање на ова обвинителство во борбата со организираниот криминал и корупцијата. Од спроведеното интервју со Вилма Русковска, ваквиот заклучок се потврдува, па така ова обвинителство редовно се соочува со проблеми при плаќањето на сметките или вештачењата, а неретко се соочуваат и снедостиг на основна техничка опрема, како принтери и скенери. 

„Она што се издвојува во овие податоци се исплатените средства за договорни услуги, кои изнесуваат 65.403.450,00 денари, или 62% од вкупно потрошените средства, додека процентот што е исплатен за договорни услуги од страна на ЈОГОКК е 5,82% од годишниот буџет на ова обвинителство, или 1.235.955,00 денари. Значајно е да се напомене дека не постојат податоци за тоа какви договорни услуги се опфатени во оваа категорија покрај вештачењата, преводите и најмувањето надворешни советници и експерти", утврдило истражувањето.

К.Д.

 

 

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе