ЗА ЗАКАЖАНОТО РОЧИШТЕ НА 26 СЕПТЕМВРИ

СЈО ќе ги искористи сите законски можности за да продолжи судењето за „Тврдина 2“

Основниот суд Скопје 1 може и во отсуство да му суди на бегалецот Горан Грујевски, вработен во УБК во постапката за „Тврдина 2 во која тој е обвинет за незаконско палење на над 20.000 документи, списи од Управата за безбедност и контраразузнавање, кои биле докази дека нелегално се прислушувале десетици политичари, функционери, новинари, граѓани невладини активисти и бизнисмени, но само доколку тоа го побара СЈО. 

Судењето за овој предмет е закажано за 26 септември, а судијката која постапува во овој предмет може, по барање на СЈО, да одлучи да му суди во отсуство на Грујевски.

Од СЈО велат дека согласно условите на самото судењето обвинителите ќе ги искористат сите законски можности за судењето да продолжи.

За случајот „Тврдина 2“ првообвинет е екс-началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујевски, и шест службенички од УБК. На едно од минатите рочиште обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Обвинетите во случајот „Тврдина 2“ се товарат за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување. Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.

 СЈО го гони Грујевски и во „Тврдина“ и „Таргет“ кој се споени во една постапка, а МВР по обвинетиот бегалец распиша потерница.  

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе