Рокот истекува утре во 11 часот

Сѐ уште нема поднесено жалби од партиите до Управен суд

До 21 часот нема поднесено жалби од партиите против одлуките на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори што се одржаа во неделата, потврдуваат за МИА од Управниот суд. 

„Во моментов пристигнато е барање за заштита за слободи и права загарантирани со Устав. Поднесено е од ТМРО.  Во однос на решенијата на ДИК сѐ уште немаме добиено тужба. Последниот рок за поднесување тужба против решенијата на ДИК до Упарвен суд е утре до 11 часот“, изјави Снежана Кипровска, виш судски соработник во Управниот суд.

Управниот суд вечерва ја отфрли жалбата од Ѓорѓи Шарковски против, како што стои во поднесениот документ, „државната администрација во Кривогаштани“ заради оневозможување на собирање потписи за градоначалник и членови на совет во Општина Кривогаштани. Решнието го донесе Управениот суд во совет составен од тројца судии на нејавна седница на советот, кое во целост ќе биде објавено најдоцна утре.

За жалбите по решенијата за приговорите за првиот круг од локалните избори од партиите треба да се одлучува во рок од 48 часа по поднесувањето. Ќе одлучуваат пет судечки совети составени од по петмина судии од Управниот суд избрани по пат на жрепка. Тужбите електронски ќе им се распоредуваат на судиите, а одлучувањето ќе биде на јавни седници, велат од Управниот суд. 

ДИК ги одби сите поднесени приговори за првиот круг од локалните избори. Најмногу приговори поднесе ВМРО-ДПМНЕ, а приговори имаа и Алијанса за Албанците, ТМРО и Левица. 

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе