СИНОЌА

Симнати 200 мигранти од воз во Велес (ФОТО)

Полицијата во Велес, од возот кој сообрал на релација Гевгелија – Скопје, синоќа околу 19,30 часот на железничката станица во Велес симна околу 200 мигранти, претежно Сиријци. Ова е една од поголемите групи кои ги запрела полицијата на редовна релација на патнички воз, објави НоваТВ.

Според НоваТВ, мигрантите главно биле млади луѓе од 18-30 години, а меѓу нив имало и неколку девојки. Голем дел од нив, поради долгото одење пешки беа со искинати алишта и обувки.

Патничкиот воз од Гевгелија, кој во Велес пристигнува околу 19 часот, доцнел 30 минути, а пред неговото влегување во станицата, полицијата ги предупредила патниците да се качуваат во првите вагони, бидејќи трите последни се полни со мигранти.

Полицијата која го обезбедува возот, со поддршка на полицијата од Велес ги симнала мигрантите на станицата во Велес и покрај нивното противење и обиди да се качат повторно во возот.

Фото: Социјални мрежи

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе