Штрајкот на железничарите продолжува, петти ден без возови во Македонија

Железничкиот сообраќај во Македонија петти ден е во целосен прекин поради протестот на вработените кои бараат целосна исплата на јануарската плата. 

Патничките и товарните возови и денеска не сообраќаат, а според организаторите на протестот, блокадата на железничкиот сообраќај ќе продолжи сè додека не се исполнат барањата на вработените во МЖ.

Од „Македонски железници ­ Транспорт“ вчера соопштија дека до крајот на месецов компанијата ќе изнајде начин да го исплати првиот дел од јануарската плата, а од 10 март и вториот дел од платата, но за вработените тоа не е неприфатливо и инсистираат на целосна исплата. Се жалат дека додека чекаат плата, долговите и каматите во банките им растат.

Надлежното Министерство за транспорт и врски пред 3 дена соопшти дека половината од платата за декември е исплатена со пари од буџетот и порачаа дека раководството преку тековното работење треба да обезбеди плати и пари за останатите трошоци.

 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе