„Вишеградската група“ ќе ја поддржи Македонија

Шпигл: Се подготвува блокада на „балканската рута“ за бегалците

Унгарија, Полска, Чешка и Словачка се подготвуваат да ја поддржат Македноија која најави затворање на границата со Грција поради напливот на бегалци и емигранти, и со тоа да ја блокираат таканаречената „балканска рута“, пишува германскиот весник Шпигл.

Според податоците на весникот, четирите држави од Источна Европа „тргнале во отворен конфликт“ со германската канцеларка Ангела Меркел околу решавањето на проблемот со емигрантите.

„Додека заедничка европска стратегија сѐ уште не е направена, заштитата на границите на државите кои се наоѓаат на „балканската рута“ се законска“, смета словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак.

Тој додава и дека кога станува збор за проблемите на Европа не треба да ѝ се верува на Турција.

Покрај ова, Лајчак се сомнева и во ефикасноста на распределување на бегалците кои доаѓаат преку Турција во земјите од Европската Унија. „Тоа ќе биде само дополнителен поттик за миграции“, изјави тој.

Во петокот шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц за време на посетата на Скопје соопшти дека неговата земја ќе ги затвори границите за бегалци кога ќе ја прими квотата од 37.000 луѓе и додаде дека Македонија тогаш треба да го сопре бранот емигранти.

Курц кажа дека по приемот на квотата бегалци Австрија ќе испрати полициски и воени сили под команда на македонските власти и ќе ѝ ја овозможи сета друга потребна помош на Македонија, пишува Спутник.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе