Шилегов со претставниците на „Анима мунди“ го посети стационарот „Вардариште“

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, заедно со Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ го посетија стационарот за хуман третман на уличните кучиња „Вардариште“.

„Целта ни е да ги видиме условите, начинот и како се згрижуваат кучињата скитници, да ги подобриме условите за престој на животните коишто се овде стационирани заради зимскиот период и да направиме една координација, јас како Градоначалник, вработените од Стационарот и претставниците на граѓанскиот сектор и да дојдеме до едно оптимално решение за посовремен и похуман начин на згрижување на овие животни. Мене ми е драго што овде се претставниците од граѓанскиот сектор, бидејќи со нив имаме намера да го уредиме начинот и системот на функционирање на згрижување на бездомните кучиња – изјави градоначалникот, Петре Шилегов.

Радмила Пешева од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ изјави дека ова е нов почеток на работа на стационарот „Вардариште“ и дека тие барале од Градоначалникот да бидат вклучени во неговото управување, како и дека многу работи ќе треба да се променат во третманот на кучињата. Таа посочи дека иако масовно ќе се применува програмата „Залови, стерилизирај и врати на локација“, паралелно со оваа мерка за конечно да се решат проблемите со бездомните кучиња ќе треба да се применуваат и низа други мерки и од локалната и од централната власт.

„Очекуваме многу и спремни сме максимално да се вложиме, така што сметаме дека од сега натаму работите ќе бидат подобри“, рече Радмила Пешева од „Анима Мунди“ .

Столе Велковски од „Анима Мунди“ ги изрази нивните заложби да ги поттикнат сите граѓани да дојдат и да се едуцираат за проблемот со бездомните кучиња во Вардариште, да дојдат и да вдомат свој миленик и на тој начин да учествуваат директно во надминување на овој проблем.

 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе