Отворени се и телефонски линии за донации

Малата Сандра вчера е оперирана од тумор, собрани се 12.000 евра, но потребни ѝ се пари за хемотерапии

Операцијата на малата Сандра Ангеловска која боледува од тумор и за која се собираа донации е направена. Член на нејзиното семејство ни потврди дека девојчето е оперирано вчера и дека во моментов се следи нејзината состојба во болницата „Атлас" во Белград. Операцијата траела три часа и поминала добро, но на Сандра и се потребни пари за хемотерапиите кои ќе ги прави во иднина. 

Извршувањето на хируршката интервенција за болеста на девојчето од Крива Паланка значи дека се собрани донации во износ од 12.000 евра кој семејството претходно ги бараше.

За во иднина на 13 годишната Сандра и се потребни пари за хемотерапиите кои ќе и требаат за да закрепне и да ја победи болеста.

Сумата која ќе биде потребна за хемотерапии, лекарите од Белград ќе треба на семејството дополнително да му ја соопштат.

Во моментов се отворени телефонски линии за донации на кои може да се донираат пари за оздравувањето на малата Сандра. 

Број за донации од оператор A1 за Сандра е 143 479 и на операторот Телеком , 070/143-102 

Број на сметка 200 - 0022909374 – 56 Стопанска Банка

На Далибор Ангеловски (татко на Сандра) со ЕМБГ 0306982424005

Семејството се заблагодарува на сите кои донираа за операцијата на девојчето и апелираат за донации за хемотерапиите на Сандра. 

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе