Изјава на лидерот на Алијанса

Села за пишманењето на Реџепи: Не е дете, знае дека списокот е за уривање на Владата

Скендер Реџепи - Зејд не е дете па да рече дека не знаел што потпишува, се знае дека списокот со потписи од пратеници е за уривање на овој хибриден режим, за паѓање на оваа Влада, тој не е изманимулиран, изјави лидерот на Алтернатива за Албанците Зијадин Села. 

„Се разбира дека Зејд не е изманипулиран во однос на списокот за формирање на ново парлаентарно мнозинство. Кога човек има проблем, тој навистина се труди да најде изговори и лаги кои пак, очигледно не се основани. Никој не е дете, сите знаат дека списокот што е потпишан е потпишан за уривање на Владата, на овој хибриден режим", рече Села.

Според Села, ставот на Реџепи не мора да значи дека е пропаднато новото парламентарно мнозинство бидејќи е најавено дека денеска ќе почне процедурата.

„Премиерот се двоуми дали да даде оставка или не, ние како опозиција му помагаме да го натераме да се одлучи за оставката. За таква постапка е потребно 20 пратеници. Ние имаме 61 потпис на пратениците што е доволен број за да падне овој хибриден режим“, рече Села.

Прашан дали за него се проблематични потписите на Левица, тој истакна дека целата работа што се тера е дел од пропагандата на ДУИ.

„Се зборува за една политичка партија која што е сега формирана и која има два пратеника. Тие ниту се во можност да ја тргнат Македонија од патот на НАТО, ниту се во можност да го тргнат јазикот од законот за упопотреба за јазиците, а на никаков начин не можат да го тргнат признавањето на Република Косово. Овој начин на водење на ПР е многу низок и го покажува лицето на ДУИ, на кој им е важна само власта. Ако треба да се зборува за нешто антиалбанско зошто не се зборува за СДСМ или за ВМРО или се плашат дека некој ден треба да седнат со нив за да прават власт, а сега се занимаваат со некој потпис на политичка партија која е потпишана само за да падне ова влада“, рече Села.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе