Бомба во „Титаник“

Сегашниот претседател на ДИК, Дерковски, добива насоки од Јанакиевски за гласањето

Оливер Дерковски, сегашниот претседател на ДИК, го има во бомбите кои се пуштаат во јавноста. што беа пуштени денеска во Кривичниот суд.

Дерковски на 30 мај 2001 година, два дена пред изборите, добива инструкции од Миле Јанакиески да се залепат плакати за сателитската партија СДПМ, за да се збунат гласачи на СДСМ. Станува збор за партијата која на секои избори излегува со листи за пратеници со имиња слични на оние од СДСМ, со цел да ги збуни гласачите. Така, носители на избори листи на минатите избори беа имиња како Рада Шекеровска, Зоран Зашев, Игор Ивановски и Јанис Макрис.

Екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески му вели на Дерковски, кој тогаш бил директор на МЖ Транспорт, дека ќе добијат материјали и насоки за денот на гласањето:

„Нашите да пијат кафе до 7 во штабовите. до 9 да гласаат. до 10 да гласаат пријатели и роднини, до 12 сите вработени, а после неопределените”.

Јанакиески на Дерковски му вели дека му треба листа со конкретни активности за денот на гласањето. Дерковски, минатиот месец беше избран за претседател на ДИК како кандидат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во друг разговор, Миле контактира со командирот на сообраќајната полиција во Радовиш, Ѓорѓи, и му вели:

“Имате доста влијание во Конче. Да контактирате таму со нашиот тим и да направите една тура од врата до врата”.

На тоа командирот го прашува дали да му се јави и да го извести што направиле, Јанакиски му потврдува.

Претходно Миле Јанакиески и тогашниот директор на УЈП, Горан Трајковски, се договараат да затворат четири дуќани кај „Циганите“, во Струмица.

Машинеријата за притисоци врз луѓето за да гласаат во Струмица за кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ја води Јанакиески.

„Има сет дуќани, четири дуќани во ромско маало во Струмица се полни до врв со брашно. Со нив Заев ќе купува гласови. Затворете ги дуќаните, тамам пазарот заврши. Речете им канцерогено е“, му вели Јанакиески на соговорник Ѓоко од Инспекторатот за храна и ветеринарство, кој пак, рече дека бил пратен од Горан Трајковски од УЈП.

Во една од „бомбите" се слуша како Јанакиески му кажува на градоначалникот на Валандово да му забрани на некој професор по физичко воспитување до изборите да оди на работа.

„Не можел да оди од врата до врата. Имал работа. Да му се јавиш до избори да не оди на работа. Валандово да не го гледа“, вели Јанакиески.

Во овој предмет обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе

А кои се играчите на игрите на среќа? Во огромен број тоа се токму оние лица со просечни примања и пензионери

повеќе