Седум деца добиле труење од храна во трпезарија на ФФМ

Седум деца на возраст од 13 до 15 години добиле симптоми на акутно труење од храна која ја консумирале завчера во трпезаријата на Фудбалската федерација на Македонија-ФФМ, а се јавиле на преглед во „Неуромедика” во Скопје, соопшти Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) кој за случајот бил известен од Центарот за јавно здравје-Скопје.

Како што се наведува во соопштението од ДСЗИ, децата вчера ручале и вечерале во трпезарија на ФФМ, а храната била обезбедена од кетеринг-служба на ДПТУ Форцашпед ДООЕЛ Скопје, подружница „Галакујна“ бул. Србија бр.50 Аеродром, Скопје.

Симптомите кај децата се јавиле околу 6 часот вчера изутрина и биле идентични кај сите: гадење, тежина во стомак, пролив, главоболка и вртоглавица со полесна клиничка слика.

Од вкупно 54 деца, 3 тренери, 1 доктор кои јаделе од истата храна, на тегоби се пожалиле 45 деца. Шест од децата кои не ја консумирале истата храна немаат вакви тегоби.

Санитарни инспектори во соработка со епидемиолог и екипа од Центарот за јавно здравје (Скопје) и инспектори од Агенција за храна и ветеринарство, извршиле вонреден инспекциски надзор во подружницата Галакујна, односно во присуство на управителот извршиле увид во документацијата при што е констатирано дека санитарните книшки за 7 вработени се со уредно извршени здравствено-хигиенски прегледи, превентивна ДДД од страна на овластено правно лице е извршена на 18.06 годинава и постои решение за работа од АХВ, како и решение од Централен регистар.

Во тек на надзорот земени се материјали за бактериолошки мониторинг, односно брисеви од нежива природа и мостри од храна.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат веднаш ги затворил објектите со цел прекинување на понатамошно јавување на заболени со знаци за акутно труење со храна, при што на вратите е поставена и службена лента.

Забраната ќе трае до обезбедување на наредените противепидемсики мерки: генерално механичко чистење на просторот и опремата, дезинфекција од страна на овластена здравствена установа, вонредни санитарно-хигиенски прегледи на вработените, како и контролни брисеви од работни површини и опрема. По добивањето на резултатите од земените брисеви, доколку има потреба, ДСЗИ ќе наложи и други противепидемиски мерки.

 

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе