Џафери на средба со новинарите

Седницата за мандатот на Груевски и за избор на нови министри по 7 јуни

Од 7 јуни па натаму би можело да се одржи првата наредна седница на Собранието на која би се гласало за одземање на мандатот на поранешниот премиер и пратеник Никола Груевски, а доколку стаса предлог од премиерот и да се изберат нови министри. Ова го најави денеска претседателот на Парламентот Талат Џафери на средба со новинарите. Од формален аспект нема пречки двете точки да бидат ставени на иста седница.

Од 7 јуни натаму во кој било термин може да се свика седница без оглед дали тоа ќе се однесува на најавените предлози од Владата или друга редовна седница која би се свикала за пристигнати материјали. На првата наредна седница би требало да се расправа околу извештајот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања за недоаѓањето на Груевски шест месеци, рече Џафери.

Според него, не е спорно на иста седницата да бидат и двете точки на дневниот ред.

Следната недела пратениците имаат дополнителни обврски, а од 15 до 20 јуни парламентарна делегација ќе биде во посета на Кина, додека на 25 јуни Џафери ќе присуствува на ратификација на протоколот за НАТО во Будимпешта.

Од 21 до 23 јуни во Скопје ќе се одржи нов состанок во рамки на Жан Моне процесот, а тема ќе биде измени на Деловникот за работа на Парламентот. За ова прашање утре претставници на пратеничките групи треба да разговараат и да ги надминат разликите до новиот состанок во рамки на Жан Моне.

Џафери оцени дека Извештајот на ЕК за напредокот нотирал дека се што е побарано од нас сме направиле и оти како што кажа Могерини, сега на ред е Европската комисија.

Во однос на Законот за јавното обвинителство, претседателот на Парламентот вели дека партиите се уште разговараат и оти би можело да биде донесен до крајот на јули дури и да биде поднесен во редовна постапка.

На средбата со новинарите Џафери кажа дека пратеникот Павле Богоевски кој најави оставка, сé уште нема поднесено оставка.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе