Од 1 април

Се намалуваат цените на лековите

Намалени се максималните цени на 336 генерички и 222 оригинаторни (иновативни) лекови. Намалувањето на максималните цени доведува и до намалување на големопродажните и малопродажните цени на лековите кои ќе важат од 1 април.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче кој рече дека се намалуваат цените за 40 до 50 отсто од генеричките и иновативните лекови.

Со ова намалување на цените, посочи, се опфатени сите групи на лекови од позитивната листа.

„Заштедата кај генеричките лекови на годишно ниво изнесува 993.000 евра, додека кај иновативните лекови изнесува 1.388.600 евра или вкупно 2.381.600 евра. За компарација во 2016 година вкупната заштеда кај оригинатните и генеричките лекови изнесувала 1.126.000 евра, а во 2017 заштедата изнесувала 398.315 евра“, рече Филипче и додаде дека станува збор за најголема заштеда досега.

МИА

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе