Реакција

СДСМ: За поздравување е ставањето крај на самоволието и бесправното поставување објекти и споменици

Отстратнувањето на споменикот на Андон Лазов Јанев-Ќосето, дивоградба бесправно поставена од страна на претходната градска власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, става крај на самоволието и незаконитоста во поставувањето објекти и споменици во Скопје, велат од СДСМ.

Од владеачката партија додаваат дека заврши времето на своеволно и незаконско поставување на споменици коишто служеа за создавање поделби меѓу граѓаните и остварување на криминални интереси, спротивни на интересите на граѓаните на Скопје.

„Овој незаконски поставен споменик со години предизвикуваше негативни реакции во јавноста и поради локацијата на којашто беше поставен и поради негативната симболика со неговата контроверзна страна на историјата. Сосема непринципелно и несоодветно е споменик на контроверзна историска личност, позната по својата суровост, да биде поставена пред зградите на највисоките судски органи во коишто граѓаните ја бараат правдата и ги остваруваат своите граѓански права. Засадувањето на Дрвото на човековите права, на местото на споменикот на една негативна односно контроверзна личност, е потврда на заложбата на демократските, прогресивни сили во општеството за владеење на правото и правда за сите, што треба да резултира со создавање на независен, професионален и неселективен судски систем што ќе работи во интерес на граѓаните", се вели во партиското соопштение на СДСМ.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе