ПРИБЕ НА СРЕДБА СО СУДИИТЕ ОД ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ 1

Само независното судство може да биде гарант на слободата и правата на граѓаните

Експертот на Европската Унија Рајнхард Прибе и неговиот тим денеска имале средба со судиите на Основниот суд Скопје 1. Од Кривичниот суд соопштуваат дека присутните на средбата се согласиле дека само независното судство може да биде гарант на слободата и правата на граѓаните. 

“Денес во Основниот суд Скопје 1 се одржа средба меѓу Рајнхард Прибе и неговиот експертски тим со судиите на Кривичниот суд. На средбата е истакнато дека извештајот на работната група и препораките од јуни 2015 – та година се основа за реформите во судството. Судиите истакнаа дека е потребно нивно поактивно вклучување во процесот на изготвување решенија за прашањата поврзани со финансирање на судството, условите за избор и напредување во кариерата, следењето на работата и оценувањето на судиите, разрешување на судии и др. Воедно судиите истакнаа и дека ги подржуваат процесите кои водат кон зајакнување на нивната независност и враќање на довербата на граѓаните во судството.Присутните на средбата се согласија дека само независно судство може да биде гарант на слободата и правата на граѓаните”, се вели во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

 

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе