Обвинителката за насоките околу случајот

Русковска: Заев прв не извести за „Рекет“

Премиерот Зоран Заев прв ме извести дека бизнисмени му се пожалиле оти се уценувани, вели шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Премиерот усно нè извести мене и јавниот обвинител на Република Северна Македонија, притоа изразувајќи подготвеност да дојде и да поднесе кривична пријава на записник. Но ние му советувавме сведокот да дојде во Обвинителство и да пријави, посочува Русковска во изјава за „Независен весник.

Премиерот Заев вчера на прес-конференција информира дека кај него се обратиле бизнисмени кои не се од Скопје, а кои му се пожалиле дека биле уценувани.

Како одговор на новинарско прашање, Заев појасни дека за тоа, како и секој друг граѓанин, за тие уцени, тој како премиер пријавил.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе