РСБС со апел до моторциклистите да внимаваат и да ги почитуваат правилата

Носете заштитен шлем, внимавајте на брзината, користете ги трепкачите, одржувајте растојание, користете ги двете сопирачки, избегнувајте „мртви агли", носете рефлектирачки елек и заштитна опрема, апелираат од Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата до сите моторциклисти, нагласувајќи дека тие се најзагрозена и најнебезбедна група учесници во сообраќајот, ако се земе предвид колкав дел од сообраќајот им припаѓа на нив и колкаво е нивното учество во вкупниот број загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди.

Од РСБСП наведуваат дека во просек, годишно во земјава, околу 15 мотоциклисти го губат животот во сообраќајни незгоди.

„Мотоциклистите се ранлива категорија учесници во сообраќајот, директно изложена на опасностите што постојано демнат во сообраќајот и кај која ризикот за здобивање со смртоносни повреди во случај на сообраќајна незгода е исклучително висок“, потенцираа од Советот.

РСБСП на почеток на сезоната за мотоциклисти, апелира до мотоциклистите да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да внимаваат на правилата за ограничување на брзината, да користат кациги и останата заштитна опрема за пасивна безбедност.

„Останатите учесници во сообраќајот да внимаваат на мотоциклистите и да ги почитуваат како рамноправни учесници во сообраќајот“, напоменуваат од Советот.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе