СЈО го побара „Монструм“, судењето одложено

Родителите на убиените момчиња до судијата: Нашите деца скапуваат во гроб, а вие купувате време

„До кога ќе се купува време, ова е политички пазар. Нашите деца скапуваат во гроб. Имате ли душа судија, имате ли и вие деца", го прашаа денеска судијата Огнен Ставрев родителите на момчињата што пред шест години беа убиени кај Смилковско Езеро. Ваквата реакција на родителите следуваше откако беше соопштено дека рочиштето ќе се одложи поради тоа што СЈО го побарало предметот за случајот „Монструм“.

Известувањето судијата го добил утрово, а во него Катица Јанева вели дека предметот „Монструм“ го побарала од организиран криминал и во рок од осум дена ќе одлучи дали има надлежност над него.

Судијата Ставрев побара разбирање од родителите на убиените деца со појаснување дека нема обвинител и дека не може да постапува, по што судењето го презакажа за 17 април.

Ова е второ рочиште откако Врховниот суд го врати предметот на повторено судење.

Случајот со петкратното убиство доби друга димензија откако лидерот на СДСМ Зоран Заев најави дека има „бомби" што ќе ја откријат вистината за петкратното убиство.

Заев вети дека роднините, а и јавноста ќе ја чујат вистината за овој настан. Тој пред повеќе од една година ги предаде овие докази во СЈО, каде што сѐ уште трае предистражната постапка за овој случај.

Поради новите докази што се појавија за овој настан, Врховниот суд донесе одлука предметот да го врати на повторено и да им го укине притворот на обвинетите.

Сега, обвинетите Хаки Азири, Агим Исмаиловиќ, Сами Љута и Фејзи Азири доаѓаат на судење без полициска придружба.

Обвинетиот Фејзи Азири издржува затворска казна за друго кривично дело, но има прекин од еден месец поради здравствени причини, па и тој денеска ќе треба да се појави во суд без полициска придружба. Во постапка им се суди и на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, по кого МВР има распишано потерница, и кои никогаш не беа екстрадирани од Косово.

За една недела ќе се знае дали СЈО ќе постапува во случајот со петкратното убиство и ќе биде надлежно за случајот „Монструм“. 

К.Д.

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе