Институт за европска политика

Ристоска: СЈО и натаму ќе отвара нови истраги

„Се надеваме дека надлежноста на СЈО ќе биде проширена на случаите од висока корупција. СЈО и понатаму ќе отвора истраги. Потребно е законско решение за измена на законодавството за да се осигури дека СЈО ќе има трајна основа за продолжување за својата работа", порача обвинителката Ленче Ристоска на конференцијата организирана од Институтот за европска политика.

Ристоска изјави дека се задоволни што биле одобрени 15 обвинителни акти и додаде дека најзначајната карактеристика на СЈО е автономијата, а СЈО ги поседува потребните капацитети за борба против криминалот и реформите и нема да бидат целосни ако не се опфати и СЈО. 

„Имаме започнато судења за најголем дел од обвиненијата. Имаме пресуди за 14 обвинети лица. Се надеваме дека надлежноста на СЈО ќе биде проширена на случаите од висока корупција. СЈО и понатаму ќе отвора истраги. Потребно е законско решение за измена на законодавството за да се осигури дека СЈО ќе има трајна основа за продолжување за својата работа", изјави обвинителката од СЈО. 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе