MЕД

Рисчето Деки стана рис

Годинава рисот Деки ќе наполни 6 години. Македонското еколошко друштво (МЕД) веќе петта година го следи овој шумски убавец што првпат беше регистриран со помош на фото-стапица во 2013 година. На првата фотографија осуммесечниот Деки е фотографиран како се движи веднаш зад неговата мајка во Националниот парк „Маврово".

Од февруари до јуни 2015 година движењето на овој рис беше следено со помош на ГПС (GPS) околувратник. Ова следење покажа дека Деки е своевиден рекордер во однос на неговата индивидуална територија, којашто зафаќа 888 квадратни километри и двојно ја надминува онаа на неговите соседи, рисовите Мартин и Марко, соопшти МЕД.

Истражувањата за балканскиот рис Македонско еколошко друштво ги спроведува 12 години во рамки на Програмата за закрепнување на балканскиот рис на територијата на Западна Македонија.

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе