Проект за подобрување на патната инфракструктура

Рехабилитација на локалниот пат Кадино-клучка Автопат А-4

Општина Илинден почна со рехабилитација на дел од локалниот пат од населеното место Кадино до клучката со автопатот А-4, како дел од Проектот за подобрување на патната инфраструктура преку изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта.

Според информациите од општината, во тек се подготвителни работи во рамките на кои се врши расчистување на теренот и формирање на нови канали за одведување на атмосферските води, како и изградба на цевкасти бетонски пропусти.

„Со рехабилитацијата на овој фреквентен патен правец значително ќе се подобри безбедноста во сообраќајот во овој дел од општината, и ќе се овозможи побрза и побезбедна комуникација. Зголемувањето на безбедноста на учесниците во сообраќајот е еден од приоритетите во работењето на општина Илинден“, велат од Општината, нагласувајќи дека континуирано се инвестира во изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, како и во изградба и реконструкција на пешачки и велосипедски патеки.

Со инвестирањето во локалната патна инфраструктура, додаваат од Општината, се дава голем придонес во рамномерниот развој и подобрувањето на квалитетот на живеење во сите 12 населени места. 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе