На реисот му е испратена трета покана

Реџепи два пати бил повикан, но не дошол во ОЈО за изјавата „судијката да почине“

Поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи два пати бил повикан во Основното јавно обвинителство во Скопје во врска со изјавата за „судијката да почине“, но ниту еднаш не се појавил, потврдуваат за МКД.мк од ОЈО. На Реџепи му е испратена трета покана за средината на месецот. Од таму додаваат дека за двете изјави на поглаварот на Исламската верска заедница се прават проверки во предистражна постапка во рамките на еден предмет.

„За двете изјави на поглаварот на Исламската верска заедница се прават проверки во предистражна постапка во рамките на еден предмет. Притоа се проверува дали во изјавите има елементи на кривично дело. Во оваа постапка, поглаварот на Исламската верска заедница два пати беше повикан да даде исказ во Основното јавно обвинителство Скопје, но тој не се јави на поканата. Нова покана за да даде исказ му е упатена за средината на месецов. Во меѓувреме се преземаат други дејствија во предистражната постапка“, велат од Основното јавно обвинителство Скопје.

Сулејман Реџепи еднаш беше повикан на распит во Обвинителството откако Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи за ширење говор на омраза од страна на поглаварот.

Овој предмет сега се надоградува и со нова изјава за говор на омраза.

Во своето обраќање сѐ уште актуелниот поглавар на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи за судијката која ја донела одлуката Бузаку да биде нов поглавар, рече дека е одлука против него, и се послужи со, во најмал случај, скандалозна изјава.

 „Слушнав дека имала проблеми со здравјето, сега моментално. Но, не ја жалам, таквите нека починат", изјави Реџепи, поздравен со аплауз од оние што беа до него.

Комисијата за односи со верски заедници го осудија говорот на Реџепи.

К.Д.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе