Разно

Четворица повреденени полицајци, скршен прозорец на Владата и уништена заштитна ограда е резултатот по вчерашниот протест кои МВР ги регистрираше. 

05 Јули 2022 - 12:26

Првите седум контејнери со чист HCH, секој од нив тежок по 22 до 26 тони, вчера попладне излегоа од Охис и тргнаа на пат кон Солунското пристаниште од каде ќе заминат за Франција. Со ова започна транспортот на опасниот историски отпад од малата депонија од поранешниот индустриски гигант ОХИС, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање. Се очекува транспорт на уште 20 контејнери, а ископот ќе продолжи и во наредниот период.

05 Јули 2022 - 11:32

Локалниот пат до планинското село Дренок, недалеку од некогашната караула на границата со Албанија е уништен од камионите натоварени со дрва исечени по падините на Јабланица. По патот по кој не би смееле да се движат возила потешки од 5 тони, секојдневно се спуштаат огромни камиони кои со товарот тежат 30-тина тони. Институциите ниту ја запираат сечата на дрва, ниту се заинтересирани да го реконструраат патот.

05 Јули 2022 - 10:13

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

05 Јули 2022 - 06:56

Во рамки на оперативниот план на Министерството за внатрешни работи „Безбедно лето“, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во текот на вчерашниот ден во Битола е спроведена превентивна кампања насочена пред се кон возачите на мотори, велосипеди и електрични тротинети „Носи кацига, вози безбедно, вози одговорно!“.

04 Јули 2022 - 10:14

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. УВ индексот ќе биде 8.

04 Јули 2022 - 06:30

За влез во земјава, поради зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце се чека околу 20-30 минути, а на ГП Богородица за излез околу 15-30 минути.

03 Јули 2022 - 08:20

Културно-уметничкото друштво „Дуфла“ од Рашче, Скопје, е добитник на Гран при наградата на годинашниов 48 Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, а младиот гајдаџија Бобан Анакиев од Кочани ја доби Гајдата на Пеце за најдобар изведувач.

03 Јули 2022 - 08:15

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, а попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме со град и силен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

03 Јули 2022 - 07:27

Премиерот Димитар Ковачевски е етнички Влав, Бојан Маричиќ етнички Србин, Бујар Османи етнички Албанец... тоа е преговарачкиот тим кој одлучува за македонскиот идентитет, а ниту еден не е Македонец по род, се вели во денешното соопштение на ТМРО.

02 Јули 2022 - 06:20

УХМР за денеска прогнозира горештина. Претпладне сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално ќе има услови за појава на невреме со појава на град и силен ветер. УВ=9. Во деновите  од викеднот температурите се очекува секаде да бидат над триесетиот степен, а максималните на места ќе достигнат до 38 степени. 

02 Јули 2022 - 00:34

Попладнево граѓани излегоа пред зградата на Владата каде изразуваат револт порад последниот француски предлог за почнување на преговорите со ЕУ. Граѓаните бараат овој предлог категорично да се отфрли и бараат оставка од политичарите од власта заради тоа што сметаат дека Владата веќе покажала дека сака да го прифати предлогот за кревање на бугарското вето.

01 Јули 2022 - 20:04

УХМР најавува дека до крајот на денот времето на места, претежно во источните делови, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со појава на град, додека во текот на ноќта ќе биде малку до умерено облачно. Утре, според УХМР, ќе биде сончево и многу топло, на места со температура и до 38 степени, со мала до умерена облачност. И во наредните денови ќе биде многу топло и влажно време што дава чувство на повисоки температури.

01 Јули 2022 - 19:11

На граничните премини Богородица и Дојран за излез и на ГП Табановце за влез во земјава се чека 15-30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

01 Јули 2022 - 12:51

Министерството за внатрешни работи информира дека согласно одредбите од Законот за возила сите оние кои се водат како сопственици на возила за кои не ја продолжиле важноста на сообраќајната дозвола повеќе од две години, законски се должни да го одјават своето возило во МВР односно во регистрационото подрачје каде возилото се води во евиденција.

01 Јули 2022 - 12:20

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе