ЗНМ: МВР да спроведе брза и ефикасна истрага за нападот на колеги од ТВ24

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага за денешниот напад кон нашите колеги од ТВ24.

„Денеска, за време на снимање на инсерти за видеоприлог за потребите на телевизијата, вербално, а потоа и физички биле нападнати од страна на едно лице.

ЗНМ веднаш контактираше со снимателот на ТВ24 Љубиша Игнатов, и тој ни потврди за овој инцидент и ни даде конкретни информации дека: ,,Додека снимавме инсерти на ул. Пржино, куќа 28/б, во која според избирачки список живее Олександр Онишченко, сопственикот на куќата, извесен Миле, физички ме нападна откако упати пцости и погрдни зборови кон мене. Лицето замавнувајќи со лактот ме удри во пределот на главата и вратот ", изјави Игнатов.

Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи.

ЗНМ бара од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот.
ЗНМ веднаш контактираше и со Скопското јавно обвинителство со обвинителката Искра Хаџи Василева која е назначена за предмети поврзани со напади врз медиумски работници за понатамошно процесирање на случајот.

ЗНМ ќе ја следи истрагата и ќе инсистира на одговорност од страна на лицето кое физички го нападнал колегата снимател Игнатов и го спречил физички да ја изврши својата работа.

Потенцираме дека заканите по живот се кривични дела предвидени во Кривичниот законик а МВР и ОЈО треба итно да ги истражат и процесираат, со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина“, велат од ЗНМ.

 

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе