ЗНМ: Апелацискиот суд донесе скандалозно и срамно решение против новинари

Советот на Апелацискиот суд во Скопје составен од судиите Татјана Дуковска, како претседателка на Советот, Тања Милева и Јусуф Ајрулахи донесоа скандалозно и срамно решение против новинарите Мери Јордановска и Предраг Петровиќ, се вели во соопштението на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

„Апелацискиотт суд во Скопје со решението од 8-ми ноември ја укинува пресудата на Основниот кривичен суд во Скопје и го враќа предметот на повторно судење. Станува збор за приватната кривична тужба на пратеникот и претседател на политичката партија Левица, Димитар Апасиев против колешката Јордановска и колегата Петровиќ и правното лице Онлајн медиа ДОО од Скопје за кривичното дело nеовластено објавување на лични записи.

Повод за тужбата на Апасиев кон новинари беше објавениот текст насловен како 'Сороспии и курирци – Апасиев агресивен кон новинарите на А1он откако беше прашан дали ќе ги задржи буџетските пари', објавен на 7 декември 2020 година на онлајн медиумот А1он. Потсетуваме дека во постапката за овој случај која траеше речиси една година, тужителот не се појави лично ниту еднаш на судска расправа, а новинарите повеќе пати присуствуваа на расправи во судот каде ја застапуваа својата одбрана. Основниот кривичен суд Скопје пресуди во полза на новинарите во февруари оваа година, а со решението скопскиот Aпелациски суд го враќа на повторно судење и новинарите веќе имаат покана за рочиште овој месец“, се наведува во соопштението од ЗНМ.

Од ЗНМ велат дека ваквите одлуки на судиите од Апелацискиот суд во Скопје и ваквата судска пракса, кога станува збор за приватни тужби на лидери на партии и пратеници кон новинари, негативно се одразува на слободата на изразување и поттикнува самоцензура.

„Повторно укажуваме дека ваков вид на тужби служат да се предизвика заплашување и разни трошоци или едноставно исцрпување на тужените новинари. Целта не е да се добие правда туку да се малтертираат тужените со цел да се демотивираат или да се откажат од јавна критика. Ваквите тужби во контекст на Советот на Европа се познати како стратешки тужби за спречување на јавно учество (SLAPP). Овие тужби, посебно кога се иницирани од политичари и носители на јавни функции, можат да предизвикаат цензура кај новинарите, а со тоа да се наруши правото на информирање на граѓаните.

ЗНМ за ова решение на судот ќе ја извести Европската федерација на новинари каде што ЗНМ е членка и ќе укаже дека станува збор за притисок преку судот на слободното новинарство“, потенцираат од ЗНМ.

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе