Протест на „Орце Николов”

Жителите од Поречието бараат пат од Скопје до Македонски Брод покрај езерото Козјак

Протест поради повеќедецениското нерешавање на прашањето за изградба на регионален пат меѓу населените места во општината Македонски Брод и Скопје организираа денеска жителите од Поречкиот регион.

Жителите од Поречието го блокираа булеварот „Борис Трајковски”, во насока на Драчево и патот од селото Батинци кон шумскиот резерват „Јасен”, како и улицата „Маршал Тито” во Македонски Брод.

Организатор на протестот беше здружението на граѓани „Поречки средби”, а протестот се одржа согласно донесената одлука на граѓанските здруженија од поречкиот регион и повеќе совети на месните заедници во рамки на општината.

Претседателот на здружението, Горан Ѓуроски рече дека во повеќе наврати биле доставени дописи до Министерството за транспорт и врски, Владата и до Јавното претпријатие за државни патишта, но ништо не е направено.

„Од Скопје до Самоков и многу околни села сè уште се доаѓа само низ резерватот ‘Јасен’ и тоа само во три термини во лето и два во зима. Траса долга 16,5 километри се вози по необезбеден пат широк само 2,5 метри. Доколку се задоцни за овие термини, тогаш треба да се возат околу 200 километри преку Кичево до Скопје. Ова е вистинска голгота и за оние 800 жители кои секојдневно одат на работа во Скопје, но и за сите жители на овој регион. Во овој крај гравитираат 45 села и шест викенд-населби”, вели Ѓуроски.

Доколку не се прифати нивното барање, жителите велат дека ќе опстојат на претходно донесената одлука за бојкот на претстојните локални избори закажани за октомври оваа година, со што ќе го изразат револтот кон Владата и институциите.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе