Еко-херои

Жбогар чистеше во Охрид за градот да остане на мапата на УНЕСКО

Со акцијата за чистење кај Горна порта на охридската тврдина, Делегацијата на ЕУ во земјава, предводена од амбасадорот Самуел Жбогар, пред неколку дена ја заврши кампањата „За чисто како дома исто“.

„Кампањата 'За чисто како дома исто' ја завршивме во градот каде што и ја започнавме - во Охрид!
Бевме еко-херои на Горна порта на охридската тврдина. 
Бидејќи е неопходно да се задржи културното и природното наследство на Охрид на мапата на УНЕСКО!“, објави Делегацијата на ЕУ на официјалниот Фејсбук профил.

Почетокот на кампањата на „За чисто како дома исто“ го објави амбасадорот Жбогар на 3 јуни, исто така во Охрид.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе