Зголемен водостојот на речиси сите реки во Македонија

Водостојот на речиси сите реки во Македонија е скоро двојно зголемен во однос на декемврискиот просек, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Најголемо зголемување за околу седум пати има кај реката Треска, а скоро двојно е зголемено нивото на Вардар кај Јегуновце и кај Зајчев Рид во Скопје. Двојно е зголемен водостојот и на Пчиња и на Крива Река. Исклучок е реката Сатеска каде водостојот е 17 сантиметри под нормалната кота.

Во однос на езерата, има зголемување кај Дојранското и Преспанското езеро, а мало намалување на нивото кај Охридското Езеро.

 

 

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе