Зголемен водостојот на Брегалница, заседава штипскиот Кризен штаб

Штипскиот кризен штаб заседава вечерва поради зголемениот водостој на Брегалница и опасноста од излевање.

Состанокот го свика градоначалникот Иван Јорданов, според кого, водостојот на Брегалница, која поминува низ Штип е зголемен и тоа кај населбите „8 Ноември“ и „Ново Село“, а надлежните од ЈП „Исар“ стравуваат да не дојде до зголемување на водостојот и излевање на реката, со што би дошло до поплавување на бунарите, од кои што Штип се снабдува со вода за пиење.

Киро Маџунаров, кој речиси три децении секој ден го мери водостојот на реката Брегалница, кај штипско Ново Село, а исто така и врнежи од дожд и снег, вели дека попладнево измерениот водостој на реката бил над два метри. Како што објави МИА, тој посочи дека загрижува зголемувањето на водостојот, но низ годините и неговите податоци покажуваат дека критично ниво и алармантно за штипскиот регион е кога нивото на водата ќе достигне над два и пол метри, по што доаѓа до излевање на водата од коритото. Забележува дека невообичаено е за овој период од годината да има поголеми, пообилни врнежи од дожд, со што доаѓа и до зголемување на водостојот на Брегалница, но и на нејзините притоки.

 

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе