Земјотресот во Албанија почувствуван и во државава

Земјотресот што попладнево беше почувствуван од населението во западните делови од државава, а со епицентар во Албанија, 120 километри југозападно од Скопје, како што информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, е со Рихтерова магнитуда од 4 степени. 

Земјотресот, регистриран во 16 часот и 08 минути, е со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала и припаѓа на епицентралното подрачје Дебар.

Како што јави претходно дописникот на МИА од Дебар, епицентарот на земјотресот бил во пограничното албанско градче Булќиза, околина на Пешкопеја.

Пред десеттина дена регистрирани беа серија од дваесеттина земјотреси со епицентар во истата област, која е на оддалеченост од триесеттина километри од Дебар. Најсилниот беше со јачина од 4,8 степени.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе