Проблеми со водоснабдувањето

Земјотресите во Маврово ја намалија штедроста на изворот во Леуново, а и таа вода што ја има не е за пиење

Јавното претпријатие за комунални дејности Маврово донесе одлука за времена забрана за неиздавање позитивни одобренија за градење на територијата на село Леуново сѐ до решавање на проблемот со водоснабдувањето. Освен тоа, на 12 јули направена е и анализа на водата во село Леуново и е утврдено дека не одговара на стандардите за квалитет на вода за пиење.

Одлуката на ЈПКД Маврово дојде по писмото од месната заедница на селото Леуново во кое тие се жалат на проблемите со водата за пиење во селото и во викенд населбата, особено во летните месеци.

Месната заедница сами ангажирале хидроинженери кои извршиле мерење на протокот на водата за пиење и утврдиле драстично намалување на штедроста на изворот за вода. Нивна претпоставка е дека главна причина за ова е земјотресот лани во октомври чиј епицентар беше во непосредна близина на изворот. ЈПКД Маврово се обврза дека нема вече да издава позитивни одобренија за градба сѐ додека овој проблем не биде надминат.

Пред неколку дена (12 јули) по пријава на приватно лице извршена е и анализа на водата за пиење. Според испитуваните параметри, Центарот за јавно здравје во Гостивар утврди дека водата не одговара на правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

А.Д.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе