Земјотрес во Лерин, Грција, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според европската скала е почувствуван вечерва во 22.43 часот во Македонија. Епицентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) бил во близина на Лерин, Грција.

Земјотресот, како што сведочат граѓани, освен во Скопје, особено бил почувствуван во Битола, Охрид и другите градови од тој дел на државата.

Десет минути подоцна, односно во 22.53 часот е почувствуван уште еден, со интензитет од 4,8 степени, со епицентар исто така во Лерин.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе